Оков за мебелБрендови кои ги застапуваме
Интернационална дистрибутерска компанија за оков за мебел и лед расвета која е формирана во 90-тите години на минатиот век со седиште во Варшава, Полска. Се работи за еден од брендовите со најпотполна понуда во овој сегмент. ГТВ производите произлегуваат од неколку фабрики од Европа и ширум светот каде се посветува исклучително внимание во поглед на контрола на квалитетот, техничките спецификации и дизајн кој ги задоволува барањата и на најспецифичните купувачи. Денес производите на ГТВ можат да се најдат во повеќе земји од Азија, Америка и Европа, а со отворањето на новиот магацински и логистички центар во Загреб нивните производи станаа уште подостапни за пазарите на бившите ЈУ Републики.
Италијанска компанија основана во 1950 година, во Монца, близу Милано. Нивна основна дејност се лизгачките системи за дрвени врати, стаклени врати и мебел со цел и филозофија да во едно успешно ги спојат технологијата и познатиот италијански дизајн. Се работи за фамилијарна компанија за чија успешност говори и фактот дека во моментов истата е под водство на трета генерација од фамилијата Терно. Сите системи кои ги произведуваат се патентирани, што ја докажува нивната инвентивност, уникатност и стремеж кон постојан технички напредок и усовршување. Во моментов покрај на италијанскиот пазар застапени се уште во 50-ина земји на пет континенти. “Перфектниот лизгачки систем е невидлив, тивок и себеодржлив. Тоа кај нас едноставно функционира” – Џованни Терно (основач)