Оков за стаклени врати и прозорциБрендови кои ги застапуваме
Мерони е компанија основана во 1945 година од Џулио Андреа Мерони, во местото Писоне, северна Италија. Тие се денес една од водечките компании на Италијанскиот и интернационалниот пазар чија основна дејност е производство на системи за затворање, механички и електрични, кои се користат во различни сектори, значи не само дрвени врати и мебел, туку и за други специфични барања на клиентите (вендинг машини, транспортни возила и сл.). Производите на Мерони се издвојуваат по тоа што претставуваат спој на одлични дизајнерски решенија кои задоволуваат високи технички барања и стандарди. Тоа се докажува преку долгата листа на познати брендови и објекти низ светот со кои соработуваат: ДХЛ, Бритиш Империал Тобако, Sky Tower во Виетнам, Аеродромите во Мадрид, Солун, Лисабон, Олимпиското село во Торино, Новиот саем во Милано… Сигурноста и стабилноста на Мерони како партнер најдобро се гледа во тоа што и после 70 години постоење компанијата сеуште ја води фамилијата Мерони, веќе трета генерација.
Италијанска компанија основана во 1950 година, во Монца, близу Милано. Нивна основна дејност се лизгачките системи за дрвени врати, стаклени врати и мебел со цел и филозофија да во едно успешно ги спојат технологијата и познатиот италијански дизајн. Се работи за фамилијарна компанија за чија успешност говори и фактот дека во моментов истата е под водство на трета генерација од фамилијата Терно. Сите системи кои ги произведуваат се патентирани, што ја докажува нивната инвентивност, уникатност и стремеж кон постојан технички напредок и усовршување. Во моментов покрај на италијанскиот пазар застапени се уште во 50-ина земји на пет континенти. “Перфектниот лизгачки систем е невидлив, тивок и себеодржлив. Тоа кај нас едноставно функционира” – Џованни Терно (основач)
Претпријатието “Дабел” е основано во 1993 година, во околината на Белград со основна цел производство, трговија и дистрибуција на окови за градежна столарија и оков за мебел. Резултат на нивната одговорна работа и постојан напредок во поглед на унапредување на квалитетот на производите и стабилниот деловен однос со близу 3000 домашни и педесетина странски партнери се милиони задоволни потрошувачи. Денес со преку 50 вработени, на деловен објект со површина од 5000 м2, Дабел се наоѓа во самиот врв на српскиот пазар во трговијата и производство на градежни окови, оков за мебел и окови за широка потрошувачка. Особено интересни се за нас бидејќи голем дел од нивните производи се во вакуум пакување кое е погодно за изложување на рафтовите во поголемите маркети, железарии и сл.