Сигурносни оковиБрендови кои ги застапуваме
Компанијата е формирана 1969 година од инженерот Џусепе Фацинети. Тогаш започнуваат со производство на брави, цилиндри и катанци во местото Писоње, на езерото Исео (северна Италија) од каде доаѓа и името на оваа компанија. Со тек на времето Исео се ориентира најмногу кон развој, дизајнирање и производство на сигурносни окови (цилиндри и брави за сигурносни врати, противпожарни и паник системи итн…) со што станува една од водечките компании во Европа во оваа гранка. Показател за тоа е бројката од 12 милиони продадени цилиндри годишно, а како доказ за квалитетот се сите сертификати од акредитирани меѓународни институции кои оваа компанија ги поседува.